
Ерлинг Халанд е неизвесен за настап на претстојното полуфинале во ФА Купот против Челси, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола. Напаѓачот има повреда на мускулот заработена за време на четвртфиналето на Лигата на шампионите минатата недела.
Сити загуби на пенали против Реал Мадрид, а Гвардиола ги замени Халанд и Кевин Де Бруин пред продолжението.
„Ерлинг почувствува болки во мускулите. Ќе видиме. Кевин беше исцрпен. Немаше играно пет месеци, така што тоа е сосема нормална работа. Има многу натпревари, а ние играме речиси до крајот на секое натпреварување. Немаме многу време за опоравување и играме многу интензивен фудбал“, изјави Гвардиола.
„Немаме време да се сожалуваме поради елиминацијата од Лигата на шампионите. Ќе размислуваме за тоа за време на летната пауза. Играме само за да победиме, но понекогаш и губиме натпревари. Токму тоа се случи оваа недела”, истакна шпанскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal