Connect with us

„Луд“ пресврт на Њукасл за триумф против Вест Хем (ВИДЕО)

Њукасл со фантастичен пресврт во второто полувреме стигна до голем триумф (4-3) против Вест Хем во голеадата на „Сент Џејмс Парк“. На почетокот на вториот дел Њукасл имаше негатива од 1-3, но во последните дваесетина минути направи „луд“ пресврт.

Александер Исак од пенал го отвори резултатот во шестата минута, но израмни Мајкл Антонио во 21.минута. Мохамед Кудус во последните мигови од првиот дел се погрижи за 1-2, а во 48.минута Џерод Боувен постигна и трет гол за Вест Хем.

Но, Њукасл не се предаде. Александер Исак со втор пенал во 77.минута намали на 2-3, а Харви Барнс во 83.минута донесе израмнување.

Во 90.минута Харви Барнс со уште еден гол донесе и триумф за Њукасл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови