
Микел Артета изгледаше расположено на неговата прес-конференција пред неделното дерби во Премиер – лигата против Манчестер Сити. Шефот на „топчиите“ изјави дека Букајо Сака, Габриел Мартинели и Габриел Магалјаеш имаат големи шанси да бидат подготвени за големата пресметка на стадионот „Итихад“.
Според информациите, во последните 10 дена тројцата лекувале повреди. Сака го напушти таборот на репрезентацијата на Англија за да го продолжи опоравувањето во клубот. Мартинели испадна од репрезентативниот тим на Бразил. Крилниот напаѓач ја заработи повредата на почетокот на март во победата на Арсенал против Шефилд Јунајтед од 6-0.
„Имаат шанса да играат. Тие досега не беа со нас на теренот, но имаат добри шанси да бидат достапни за големиот натпревар“, изјави Артета.
Арсенал ќе се обиде да дојде до првата победа на гости кај Манчестер Сити по 2015 година. Сака ја пропушти победата од 1-0 над „граѓаните“ во октомври поради повреда. Крилниот напаѓач е најдобар стрелец и асистент на тимот оваа сезона со 16 гола и 13 асистенции во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
