
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Глеисон Бремер. Откако Џим Ретклиф го презеде раководењето со клубот од „Олд Трафорд“, името на Бразилецот сѐ почесто се споменува за евентуален трансфер, пренесува „Калчомеркато“.
Не е тајна дека новата управа на „црвените ѓаволи“ подготвува сериозни засилувања во составот за новата сезона, а една од првите задачи е стабилизирање на одбраната. Во центарот на одбраната се очекуваат најсериозните промени, бидејќи иднината на Џони Еванс, Рафаел Варан и на Хари Мегваер е неизвесна. Една од новите цели е токму Бремер.
27-годишниот дефанзивец брзо се претвори во клучен играч на Јувентус по неговиот трансфер од Торино за 44 милиони евра во 2022 година. Досега со тимот на „старата дама“ има 72 натпревари, седум гола и една асистенција. Набргу потоа потпиша договор до 2028 година, па Јувентус сигурно ќе бара сериозна сума од околу 80 милиони евра за неговите права, доколку се согласи да се раздели со него.
Манчестер Јунајтед не е единствениот кандидат за потписот на Бремер, кој има и четири натпревари за репрезентацијата на Бразил. Пред извесно време неговото име се поврзуваше со Челси и со Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
