Барселона ги следи настапите на играчот од средниот ред на Џирона, Алекс Гарсија. 26-годишниот фудбалер е една од трансферните цели на Каталонците на лето и клубот речиси сигурно ќе упати понуда за него, тврди каталонски „Спорт“.
Тој на 18 години се пресели од Вилјареал во Манчестер Сити, но таму не успеа да се пробие во првиот тим и неколку пати беше позајмен на Џирона и Мускрон.
Потоа помина кратки сегменти од кариерата во Динамо Букурешт и во Еибар пред да биде вратен назад во Џирона во 2021 година.
Каталонците уште во јануари сакаа да го земат Алекс Гарсија, но тогаш не беше постигнат договор, бидејќи не беа во можност да дадат доволно атрактивна понуда.
Ова може да биде проблем и на лето. Не е тајна дека Барса има финансиски проблеми и најверојатно ќе мора да продаде некои од своите сегашни играчи пред да донесе други да ги заменат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













