Connect with us

Судиска анализа на ФФМ: Судењето во Првата лига одлично, грешни одлуки на мечот Арсими – Караорман

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 23 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Струга Трим Лум-Фк.Брера Пандев одигран на 10.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 32, 61, 84 и 85 минута.

“Главенсудија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Даниел Василевски и Дејан Димитријевиќ.

32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

На една топка која не беше во ничив посед во 16-сетникот на гостинската екипа тргнаа голманот на гостинската екипа и играч на домакините, прв до топката стигна играчот и ја удри топката  и потоа голманот направи недозволен старт на ногата на играчот,притоа  без да игра со топката и спречи очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домакините и жолт картон за голманот на гостинската екипа поради недозволен старт на нога на противникот и спречување очигледна шанса за гол.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, со јасна прегледност на играта.

 61 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 3:0)

Во 16-сетникот на гостинската екипа два играча од обете екипи беа еден до друг, играчот на домашната екипа ја удри топката и таа го погоди противничкиот играч во рака која притоа беше во природна положба (близу телото).

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на гостите во моментот кога го удри топката му беше во природна положба (близу телото).

83 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол, при резултат 3:0)

Играч на домакините центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол, меѓутоа во моментот на центаршутот играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен и сигнализирано офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејки во момент на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч на одбраната на гостите.

84 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано офсајд позиција и постигнат гол за гостинската екипа, при резултат 3:0)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол, бидејки играчот на гостите во момент на центаршутот  се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на вториот помошен судија што не сигнализираше офсајд позиција и го призна голот, бидејки играчот што го постигна голот во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините.

На натпреварот Фк.Шкендија -Фк.Воска одигран на 10.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 78 минута.

“Главенсудија:Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Александар Ѓурковски.

78 минута:ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа,при резултат 0:0)

Играч  на домакините додаде топка до свој соиграч странично во 16-сетникот на гостинската екипа и близу попречната линија, пред играчот да ја прими топката на недозволен начин ( туркање со тело) притоа голманот без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа, поради недозволен старт на голманот на гостинската екипа (туркање со тело) над противнички играч, притоа без да игра со топката.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

              Судиска анализа за 20 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Тетекс-Фк.Саса одигран на 09.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 33 минута.

“Главенсудија: Боби Величков. Помошни судии: Дарко Видиниќ и Бојан Ивановски.

33 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостниската екипа кој се наоѓаше позади него, направи невнимателен недозволен старт на ногата на играчот на домакините, притоа спречувајки го во акцијата.

 Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт на нога на играч на гостинската екипа над противнички играч.

На натпреварот  Фк.Победа-Фк.Беласица одигран на 09.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 3 минута.

“Главенсудија“: Игор Иванов. Помошни судии:Петар Степановски и Николче Дрнковски.

3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домакините и близу попречната линија, играч на домакините на коректен начин со лизгачки старт му ја изби топката на играчот на гостите, по што играчот падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки стартот на играчот на домакините над противничкиот играч беше коректен и без прекршок.

 На натпреварот  Фк.Арсими – Фк.Караорман одигран на 09.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 22 и 82 минута.

“Главенсудија: Марјан Стојановски. Помошни судии: Александар Ѓорѓевски и Осман Зекири.

22 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Задосуден пенал за домашната екипа, при резултат1:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите кој беше близу играчот на домакините направи лизгачки старт и ја изби топката на коректен начин, без прекршок.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостите коректно ја изби топката без прекршок, во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи.

82 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа при резултат 3:0)

Играч на домакините прими топка во 16-сетникот на гостинската екипа и излезе сам пред голманот на гостите, играчот ја удри топката и во тој момент голманот направи недозволен старт на ногата (коленото) на играчот и го спречи во акцијата да постигне гол.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација судијата требаше да се досуди пенал за екипата на домакините поради недозволен старт на голманот на гостите над противнички играч и спречување очигледна шанса за гол.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови