Раководството на Манчестер Јунајтед одржало разговори со капитенот на тимот Бруно Фернандеш и уште неколку од водечките фудбалери на клубот, со цел да го дознае нивното мислење за менаџерот Рубен Аморим. По секој неуспешен резултат се појавуваат шпекулации за можна смена на Португалецот, кој во своите 50 натпревари на чело на „црвените ѓаволи“ во Премиер – лигата сè уште нема успеано да оствари две последовни победи.
Се појавија информации дека дел од играчите веќе не веруваат во тактиката и пристапот на Аморим. Според „ЕСПН“, токму поради тоа Омар Берада и Џејсон Вилкокс разговарале со Бруно Фернандеш и со неколку од лидерите во соблекувалната. По средбата, раководството останало со впечаток дека Аморим сè уште ја има поддршката на фудбалерите.
Овие разговори не биле официјални и не биле наменети за директна проценка на иднината на тренерот, кој во ноември ќе го одбележи својот првогодишен јубилеј на чело на Манчестер јунајтед.
Според дел од шпекулациите, една од причините поради кои клубот сè уште не го отпуштил Аморим е тоа што обештетувањето во првата година од неговиот договор би било значително поголемо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)













