
Италијанскиот претставник Милан и францускиот Олимпик Марсеј направија значаен исчекор кон пласманот во четвртфиналето на Лигата на Европа, Милан славеше дома против Славија Прага со 4-2, додека Олимпик Марсеј беше уште поубедлив и со 4-0 го декласира Вилјареал.
Фрајбург го победи Вест Хем со 1-0, додека Бенфика и Ренџерс одиграа 2-2.
Милан поведе со голот на Оливие Жиру во 34.минута, откако Славија Прага остана со фудбалер помалку уште по 26 минути по исклучувањето на Диуф. Но, гостите израмнија преку Дудера во 36.минута.
Сепак, Милан имаше одличен финиш на првиот дел. Рејндерс погоди со удар од далечина за 2-1, а потоа Лофтус-Чик со удар со глава зголеми и на 3-1.
Славија Прага во второто полувреме постигна и втор гол преку Шранц, а конечниот епилог го постави Пулишиќ по одличната соло акција на Рафаел Леао.
Олимпик Марсеј беше уште поубедлив. Пјер-Емерик Обамејанг беше двоен стрелец, серијата ја отвори Верето, а Москера си постигна автогол.
Фрајбург го победи Вест Хем со голот на Михаел Грегорич во 81.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal