
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, зборуваше пред утрешното гостување кај Лацио. „Росонерите“ се третопласирани, но со 16 бода негатива зад лидерот во Серија А, Јувентус, што го натера Пиоли да ја отпише трката за титулата.
„Сакаме да го повториме настапот од неделата, но да оствариме поинаков резултат. Имаат голем квалитет во Лацио и доаѓаат после пораз, па ќе бидат мотивирани. Тие играат добро, но можеме да им отежнеме играјќи со силен интензитет“, изјави Пиоли.
Тој вели дека трката за „скудетото“ во Италија веќе и не постои.
„Да, мислам дека трката за првото место е завршена. Интер има неверојатна сезона и победи на толку многу натпревари како имаше тежок распоред. Мислам дека борбата за титулата е завршена“, дополни тренерот на Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
