Connect with us

Брера го доведе Србинот Урош Стамениќ

Македонскиот прволигаш Брера се засили со Урош Стамениќ кој доаѓа од рспкиот суперлигаш ИМТ Белград. Станува збор за 27 – годишен фудбалер кој потекнува од ФК Војводина, а има настапувано и за Пролетер, Борац Чачак и Златибор.


Тој може да покрива повеќе позиции во редот за врска. За тимот на ИМТ во есенскиот дел има одиграно 16 натпревари при што запиша еден гол и една асистенција

„Еден нов предизвик за мене. Доѓам во една здрава средина и стабилен клуб кој има високи амбиции. Имаме исти размислувања и лесно се договоривме околу соработката. Останува на терен да ги оправдам очекувавањата на тренерите и на луѓето од клубот и верувам дака ќе направиме одличен резултат. Мислам дека овој проект е еден од најпрогресивните фудбалски проекти во регионот и драго ми е што сум дел од Брера Холдинг кој работи во целиот свет“, изјави новото засилување Стамениќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови