
Англискиот фудбалер и напаѓач на Брентфорд, Иван Тони, денеска изјави дека се чувствува „слободен“ по завршувањето на неговата осуммесечна забрана.
Тони доби осум месеци суспензија поради прекршување на правилата за обложување на Фудбалската асоцијација.
„Се чувствувам како да сум изгубил „Wi-Fi“ и сега повторно се поврзав“, изјави Тони за „Sky Sports“.
Тој пристигна во Брентфорд во 2020 година, а во Премиер – лигата постигна 32 гола на 64 натпревари.
„Се чувствувам како слободен човек. Чувствувам дека товарот е тргнат од моите плеќи. Си поставив цел колку голови сакам да постигнам кога ќе се вратам на теренот”, додаде Тони.
Иван Тони нема играно натпреварувачки натпревари од 6 мај 2023 година, поради казната изречена за прекршување на 232 од правилата за обложување на Фудбалската асоцијација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
