
Голгетерот на Штутгарт, Серху Гираси, одлучи да остане во тимот барем до крајот на сезоната, пишува „Скај Германија“. 27-годишниот репрезентативец на Гвинеја веќе го известил раководството за својата одлука.
Доколку не се случи нешто необично пред крајот на јануари или не дојде многу сериозна понуда за Африканецот, тој ќе остане во клубот.
Неговата откупна клаузула за јануарскиот преоден рок веќе истече. Во последните неколку дена имаше интерес за Гираси од англиските клубови.
Серху Гираси оваа сезона го водеше Штутгарт до многу победи. Напаѓачот досега постигна 17 гола на 14 натпревари во Бундес-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
