
Напаѓачот Гонзало Рамос не ги оправда очекувањата на Луис Енрике и може да го напушти Пари Сен Жермен во случај на вистинска понуда.
Португалецот летово пристигна на „Паркот на принцовите“ од Бенфика како позајмен, но поради финансискиот фер-плеј ПСЖ би платил дури во 2024 година за сума од 65 милиони евра.
Сепак, Рамос не задоволи и не го убеди Луис Енрике дека може да биде водечката „деветка“ во неговиот систем.
Португалецот во досегашниот дел од сезоната постигна четири гола со една асистенција, на 19 натпревари, но на теренот мина само 889 минути.
Во случај на реална понуда, ПСЖ ќе преговара со Бенфика за остатокот од исплатата и со заинтересираните клубови кои ќе сакаат да го купат Рамос.
Тој е дете на Бенфика, има само 22 години, а за португалската репрезентација има 10 настапи и постигнато дури седум гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
