Португалскиот тренер Жозе Мурињо го даде својот прв коментар откако беше отпуштен од тренерската функција во Рома.
Тој ја искористи социјалната мрежа Инстаграм за да објави порака со неколку зборови.
„Пот, крв, солзи, радост, тага, љубов, браќа, историја, срце, вечност“, напиша Мурињо.
Негов наследник на чело на „волчицата“ барем до лето е клупскиот симбол Даниеле де Роси.
Мурињо помина 2,5 години со жолто-црвениот тим на „Олимпико“ и стигна до две финалиња на европските турнири – победи во Конференциската лига, загуби во Лига Европа.
Сепак, Специјалниот не можеше да ја врати Рома во Лигата на шампионите, а не изгледаше дека ќе може да го направи тоа и оваа сезона. Рома моментно е на деветта позиција во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













