Англискиот интернационалец Џордан Хендерсон е сѐ поблиску до договор со тимот на Ајакс. Ова стана јасно откако управата на саудискиот клуб Ал-Етифак се согласи да го раскине договорот на играчот со заедничка согласност.
Хендерсон остана во Саудиска Арабија само неколку месеци, и покрај тоа што потпиша огромен тригодишен договор летото. Сепак, Англичанецот не можеше да се прилагоди на животот во земјата и посака предвреме да замине.
Сериозен интерес за неговите услуги покажува холандскиот гигант Ајакс. Се очекува Хендерсон денеска да отпатува за Амстердам на разговори и двете страни да постигнат лесен договор.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












