Напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, од лето ќе стане нов член на Интер.
Иранецот влезе во последните шест месеци од договорот со Порто, па има право да потпише преддоговор со следниот клуб, а тоа ќе биде Интер.
31-годишниот стрелец договори двегодишнa соработка со Интер и ќе биде уште едно засилување во нападот на Симоне Инзаги.
Тареми стана легенда на Порто откако пристигна од Рио Аве во летото 2020 година, а на 171 натпревар во сите натпреварувања постигна дури 86 гола и забележа 53 асистенции.
Интересно е да се истакне дека Тареми во Европа пристигна дури во 2019 година од катарската Ал-Гарафа, а претходно настапуваше во својата татковина Иран со која моментално е на Азискиот куп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal