Connect with us

И Вецески ги напушта „црвено-црните“

Дефанзивецот Христијан Вецески е третиот фудбалер кој заминува од Вардар оваа зима. Претходно, заминаа и Педрињо и Владимир Жоглев.

Вецески беше еден од стандардните фудбалери во одбраната на „црвено-црните“ оваа и изминатата сезона, но очигледно дека новиот тренер Горазд Михајлов сепак има други планови.

Вардар му се заблагодари на Вецески за придонесот што го даде во дресот на најтрофејниот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови