Актуелниот првак Струга Трим Лум прва мина низ целта по есенската полуетапа, а имаше забележителни настапи и во Европа. Еден од главните адути на стружани беше офанзивецот Марјан Радески кој ја врати препознатливата репрезентативна форма и го носеше тимот напред со одлични игри и голови.
Марјан Радески е столб во играта на Струга ТЛ, постигна осум гола, поголем дел од нив и решавачки за освојување на бодовите.
МАКФУДБАЛ го избра Марјан Радески за најдобар фудбалер во есенскиот дел од првенството во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ЕСЕНТА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski