
Баерн Минхен доживеа дебакл на гостувањето во Франкфурт откако загуби од Ајнтрахт со 5-1. Тоа е прв пораз за баварскиот тим оваа сезона во Бундес-лигата.
Ајнтрахт за малку повеќе од половина час имаше водство од 3-0. Мармуш го отвори резултатот во 12.минута, Дина Ебимбе зголеми на 2-0 во 31.минута, а пет минути подоцна Ларсон постигна трет гол за домаќинот.
Пред крајот на првиот дел, Џошуа Кимих намали на 3-1, но тоа не го исплаши Ајнтрахт. Во второто полувреме, Дина Ебимбе и Кнауф го заокружија дебаклот на Баерн.
Унион Берлин ја победи Борусија Менхенгладбах со 3-1, а Вердер славеше против Аугсбург со 2-0. Фрајбург на гости го доби Волфсбург со 0-1, а Хајденхајм беше подобар од Дармштат со 3-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski