Connect with us

Спалети стана почесен граѓанин на Неапол

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучијано Спалети, доби голема чест од градот Неапол. Тој денеска е прогласен за почесен граѓанин на Неапол.

Ова откако оствари голем успех со Наполи минатата сезона и по пауза од 30 години на „наполитанците“ им ја донесе титулата во Серија А.

Минатата сезона Наполи беше недопирлив за конкурентите, Спалети одлично го предводеше тимот, а во составот е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови