Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, тврди дека општината ќе најде начин да обезбеди 10 милиони евра за реконструкција или градење на нов стадион. Ова го соопшти денес на прес-конференција откако вчера преку социјалните мрежи информираше дека е отворен тендер за реконструкција на објектот.
„Општината Тетово преку јавното претријатие Тетово Транспорт го распиша досега најважниот тендер за Тетово, а се работи за изградба и реконструкција на спортски обејкти почнувајќи од Градскиот стадион. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра. Овој проект е конкретен пример за нашата посветеност во развој на спортската инфраструктура и создавање на соодветни капацитети за рекреација на нашите граѓани. Овој тендер ќе биде отворен до 22 декември 2023, а времетраење на договорот е предвидено да биде 36 месеци“, рече Касами.
На новинарските прашања од каде ќе се најдат пари, тој тврди дека тоа ќе биде согласно домаќинското работење и вели дека нема да има потреба да се позајмуваат средства.
„Како што се најдоа пари за да се намали долгот ќе се најдат пари и за ова. Општина Тетово работи домаќински. Се зголемени плаќањата на даноците од страна на граѓаните, затоа што гледаат тие дека се реализираат секојдневно проекти во нивен интерес. Едно време кога асфалтиравме викаа дека Тетово, градоначалникот се бави само со асфалтирање. Сега гледаме главен и капитален проект не е веќе асфалтирање туку во делот на рекреација и спорт. Како најдовме пари да го намали долгот, да реализираме други проекти, во следните три години со домаќински работење ќе се заштедат и пари за изградба на значаен објект. Не е предвидено позајмување пари, изјави Касами.
Градоначалникот вели дека бидејќи веќе има стадион распишан е тендер за реконструкција, но во истиот е предвидено избраната компанија согласно процените да гради и сосем нов објект.
„По процедура, поради што има стадион е реконструкција. Но, реално во договор со компаниите кои ќе се пријават има и можност да се договориме за изградба на целосно нов објект. Ќе има и друга процедура, дали општината, како ќе оцени за менаџирање, дали ќе биде општинско или ќе се даде на некоја приватна компанија за менаџирање на истиот. Стадионот и ова место ќе останат општински, рече Биљал Касами.
Според неговото објаснување, во првата фаза од овој проект е предвидено идејно решение за реконструкција на Градскиот стадион.
„Покрај градскиот стадион нашиот оглас вклучува и други значјни проекти меѓу кои спортско-рекреативниот центар како и спортски терен во село Сараќино. Ние како Општина ги повикуваме сите заинтересирани компании, локални и меѓународни кои се заинтесирано да конкурираат на овој тендер. Порака до политичките противници кои ни прават постојано притисоци и се занимаваат со тоа како да не оцрнат како локална власт. Ние ја спроведуваме нашата програма точка по точка“, рече Касами.
Според тетовскиот градоначалник идејниот проект ќе се подготува со запазување на стандардите на УЕФА за инфраструктура на стадионите и препораките за изградба на нови објекти и реконструкција на постоечките. Исто така земени се во предвид и одредбите од регулативата за инфрастуктура за стадион на Фудбалската федерација на Македонија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski