Баерн Минхен од следната сезона би можел да добие нов тренер. Како што тврди „El Chiringuito“, нов шеф на стручниот штаб на Баварците треба да биде Чаби Алонсо.
Тој има одлична сезона на кормилото на Баер Леверкузен, а за него интерес појавува и Реал Мадрид, како можен наследник на Карло Анчелоти.
Чаби Алонсо беше дел од Баерн Минхен како фудбалер, настапуваше на „Алијанц арена“ од 2014 до 2017 година и за гигантот одигра 117 натпревари, освојувајќи три трофеи во Бундес-лигата, Купот и Сууперкупот на Германија.
41-годишниот стратег тренерска кариера ја започна во младинскиот тим на Реал Мадрид, потоа го предводеше Б – тимот на Реал Сосиедад, а од октомври минатата година го презеде кормилото на Баер Леверкузен и е неверојатно успешен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













