
Поранешниот капитен на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој моментно игра во Торонто, би можел да се врати во Серија А, тврдат италијанските медиуми.
Лацио е главниот фаворит за потписот на 32-годишниот фудбалер. Напаѓачот е подготвен да се врати во италијанското првенство. Тој е дел од Торонто од 2022 година, а договорот му е до 2026 година.
Сезонава Инсиње одигра 20 натпревари во МЛС-лигата, постигнувајќи четири гола и четири асистенции.
Во летото 2022 година, крилниот напаѓач беше пред трансфер во Лацио. Сепак, тогаш дојде до несовпаѓање во барањата за платата меѓу него и раководството на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
