Интер е подготвен да го награди Матео Дармијан со двегодишно продолжување на актуелниот договор. Сестраниот дефанзивец е врзан за клубот до крајот на сезоната, но неговиот договор има опција да биде продолжен за уште една година. Сепак, според „Тутомеркато“, Интер сака да го врзе на подолг период до јуни 2026 година.
Фудбалерот следниот месец полни 34 години и неодамна го постигна вториот гол за Италија, на дуелот против Македонија во Рим.
Дармијан стана клучна фигура за Симоне Инзаги бидејќи може да игра на позицијата десен бек, лев бек, во центарот на одбраната, па дури и во средниот ред.
Откако дојде во Интер од Парма, првично на позајмица во 2020 година, а потоа трајно за 3,3 милиони евра, Дармијан доживеа вистинска ренесанса во својата кариера.
За „нероаѕурите“ досега има 131 настап, осум гола и десет асистенции, освојувајќи го Скудетото во 2021 година како и Купот на Италија и Суперкупот на Италија во 2022 и 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













