Connect with us

Четвртфинале на Купот…или ако врне во Македонија – валкање во калта

Македонија е инфраструктурно очајна земја на фудбалски план. Најискористениот терен во моментот е стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, каде настапуваат два прволигаши и еден третолигаш, а денеска од 13 часот е закажан и куп-натпреварот меѓу Работнички и Шкупи од четвртфиналето.

Кога ќе дојде периодот од годината со значителни врнежи, тогаш ионака негледливиот фудбал во Македонија се претвора во вистинско мачење, пред сѐ за актерите на теренот кој веднаш наликува на мочуриште, а потоа и за сите останати кои тоа треба или мора да го гледаат.

За жал, целта ги оправдува средствата, па фудбалерите на Работнички и на Шкупи ќе мораат да се валкаат во калта. Кој поумешно ќе се валка, тој ќе оди во полуфинале.

На останатите три меча, можеби малку подобра е ситуацијата со терените, но исто така далеку од задоволувачка. Во Ѓорче Петров ќе играат Македонија ЃП и Силекс, во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Брера, а во Штип е закажан дуелот меѓу Брегалница и Воска Спорт.

КУП ЧЕТВРТФИНАЛЕ (13 часот)

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

ТИКВЕШ – БРЕРА

БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови