Шкупи е во одлична серија во првенството, а утре го очекува дуел против Работнички во четвртфиналето на Купот на Македонија.
Фудбалерот од средниот ред Али Адем вели дека целта е пласман меѓу четирите најдобри во најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Се подготвивме максимално за куп-натпреварот, како и досега за другите натпревари. Не чека меч низ една напорна недела, бидејќи викендов не очекува уште еден многу важен дуел во Кратово против Силекс. Но, ние имаме свои планови и одиме утрешниот натпревар за да победиме. Верувам дека ако ги следиме инструкциите на тренерот, нема да имаме проблем против Работнички, против кого славевме во првенството. Тоа не значи дека го потценуваме противникот, но на овој натпревар ќе одиме максимално мотивирани по нов триумф“, вели Адем за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













