
Кристијано Роналдо прв ја прифати понудата од Ал-Наср вредна 200 милиони евра по сезона, а потоа Саудиска Арабија стана омилена дестинација за многу фудбалски ѕвезди. Наскоро би можеле таму да го видиме и капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
Богатите клубови од Саудиска Арабија им понудија огромни суми на играчите за да ги привлечат во нивната лига, а бројот на оние кои ги прифатија тие понуди продолжува да расте. Карим Бензема, Нејмар, Ријад Махрез, Марсело Брозовиќ, Садио Мане, Малком, Рубен Невеш, Фабињо… се само дел од имињата кои ги засилија тамошните клубови.
Дали Бруно е следен, останува да се види, но според англиските медиуми, Саудискиот фонд за јавни инвестиции (PIF), кој има мнозински удел во Ал-Наср, Ал-Хилал, Ал-Итихад и Ал-Ахли, сака да го донесе токму Фернандеш. Се најавува почеток на преговори со неговите претставници.
Португалскиот играч за врска пристигна во Манчестер Јунајтед во јануари 2020 година за сума од 55 милиони евра и дополнителни 25 милиони преку бонуси. Спортинг, од каде го направи трансферот, има право на 10 отсто од неговата следна продажба. За гигантот од „Олд Трафорд“ одигра 200 натпревари со ефект од 67 гола и 57 асистенции, а договорно е врзан до крајот на јуни 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
