Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез до крајот на годината би можел да се пресели на Флорида и да го облече дресот на Интер Мајами, пишува „Ел Паис“.
Заминувањето на Лионел Меси во Интер Мајами предизвика домино ефект, па на Аргентинецот во САД му се приклучија поранешните соиграчи од Барселона, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Сега тоа можеше да го направи и Суарез.
Искусниот напаѓач (37) е главна цел на клубот предводен од Дејвид Бекам и се очекува да постигне соработка откако договорот на Суарез со Гремио истекува на крајот на 2023 година.
Во Интер Мајами веруваат дека Меси и Суарез би можеле добро да соработуваат во нападот и да покажат барем дел од тие магични изведби од Барселона, и покрај тоа што сега се во доцни играчки години.
Луис Суарез текот на кариерата ги бранеше боите на Насионал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид. Тој е рангиран меѓу најдобрите напаѓачи во 21 век.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













