
Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го отпушти менаџерот Ерик Тен Хаг по слабиот почеток на сезоната. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на осмото место во Премиер – лигата, победија само на една од првите три натпревари во Лигата на шампионите и испаднаа од Лига Купот по тешкиот пораз од Њукасл со 0-3 на „Олд Трафорд“.
Иако тој е под договор до 2025 година и клаузула од 15 милиони фунти доколку биде ослободен предвреме, Тен Хаг не може да биде сигурен на својата позиција.
Според „Тајмс“, иднината на холандскиот стручњак е нејасна, а една од причините е можната промена на сопственоста на клубот.
Ако Тен Хаг биде отпуштен, клубот ќе тргне по Зинедин Зидан или Рубен Аморим.
Сепак, Зидан јавно истакна дека во овој момент не може да биде тренер во Премиер-лигата, затоа што не го зборува доволно добро англискиот јазик.
„Како фудбалер можев да играм каде што сакам, но поинаку е со тренерската функција. Јас разбирам англиски јазик, но не го говорам професионално толку добро за да можам да бидам менаџер во Англија. Барем на начинот како што јас сакам да раководам со еден клуб. Токму поради ова, мојот избор е ограничен, на Шпанија, Италија и Франција“, објасни Зидан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
