
Френк Лампард би можел да се врати на тренерската работа, преземајќи го тимот од Чемпионшип, Бристол Сити. 45-годишниот поранешен играч од средниот ред е без работа откако минатото лето го напушти Челси. Во неговиот последен период на „Стемфорд Бриџ“, Лампард успеа да оствари само една победа во 11 натпревари на чело на „сините“.
Бристол Сити има пет победи во 14 натпревари во Чемпионшип, што го става тимот на 15. место во привремениот пласман.
По поразот од Кардиф пред пет дена беше отпуштен Најџел Пирсон. Според „Бристол пост“, Лампард кој сакал што поскоро да и се врати на професијата е еден од фаворитите за оваа работа.
Ова ќе биде втор ангажман на Лампард во Чемпионшип по менаџирањето на Дерби Каунти во 2018/19 година.
Лампард беше поврзуван со Глазгов Ренџерс на почетокот на октомври, но шкотскиот гигант на крајот го назначи Филип Клемен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго

Евро-фудбал
Штутгарт стави крај на сагата за Ник Волтемаде

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда
