
Фудбалскиот третолигаш Слога Виница 1934 добива нов спонзор, турската компанија предводена од Енес Уста, сопственикот на македонскиот прволигаш Гостивар.
Клубот испрати соопштение во кое информира дека по повеќемечесни преговори добива нов стабилен спонзор.
„Почитувана фудбалска јавност, почитувани спортски новинари и медиуми, навивачи и симпатизери на Слога 1934 Виница, ни претставува огромна чест и задоволство да ве информираме дека после неколкумесечни преговори од страна на претседателот Дејан Михајлов и членот на советот на општина Виница, Сашко Митев, помогнати од градоначалникот Миле Петков и претставници на турската заедница во општина Виница, клубот добива нов и стабилен спонзор во името на Енес Уста, сопственикот на прволигашот ФК Гостивар.
Договорена е и соработка меѓу двата клуба, а главната цел е експресно враќање во Втората македонска лига. Со ова се отвора ново поглавје во фудбалскиот клуб Слога, но и во спортот во градот Виница. Во следниот период ќе бидат подготвени сите потребни документи, а за сите новости и детали, ќе бидете дополнително известени. Фудбалскиот клуб Слога 1934 Виница се заблагодарува на навивачите и симпатизерите за нивната поддршка и вербата во луѓето што го водат клубот“, стои во соопштението од управата.
Слога Виница минатата сезона го загуби второлигашкиот статус, но во клубот очигледно дуваат поволни ветрови и наскоро се очекуваат првите конкретни резултати од соработката со новиот спонзор.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
