Струга Трим Лум има максимален ефект во четирите досегашни натпревари во Прва МФЛ, а играчот за врска Бесмир Бојку се надева дека позитивната серија ќе продолжи и по репрезентативната пауза.
Стружани го пречекуваат Тиквеш и максимално го респектираат.
„Атмосферата во тимот е одлична, особено по позитивниот старт на сезоната. Во овој изминат период имавме и повеќе време и за одмор, но и за максимална подготовка за претстојните натпревари. Прв ривал ни е Тиквеш, многу незгоден противник, кој летово беше многу активен на трансфер пазарот. Затоа треба да пристапиме внимателно и со самодоверба“, вели Бесмир Боjку.
Тој додава дека Струга Трим Лум ќе даде максимум и на претстојниот натпревар од петтото коло.
„Како и на секој натпревар, ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да победиме. Ако ги следиме инструкциите на тренерот, верувам дека ќе ја оствариме целта“, дополнува фудбалерот од средниот ред.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш се игра од 15.30 часот, на Градскиот стадион во Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













