Струга Трим Лум продолжува со одличната серија и по пет кола во Првата македонска фудбалска лига има максимален ефект – пет победи од пет натпревари. На домашен терен, стружани убедливо го совладаа Тиквеш со 3-0 и останаа во чекор со Силекс на врвот од табелата.
Тиквеш парираше солидно сè до самиот финиш на првото полувреме, кога ВАР собата сигнализираше за можен прекршок во шеснаесетникот. По прегледот на ситуацијата меѓу Даниел Мојсов и Марјан Радески, судијата Влатко Илиоски досуди пенал, откако беше утврдено дека Мојсов со лакот го удрил Радески во лицето.
Од белата точка прецизен беше Басиру Компаоре, кој во 40. минута донесе водство за Струга. Во 58. минута истиот играч постигна уште еден погодок и ја обезбеди победата.
До крајот на мечот, Марјан Радески се запиша меѓу стрелците и ги постави конечните 3-0.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













