
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ пред неколку месеци беше поврзуван со трансфер од Јувентус, но на крајот остана во редовите на „старата дама“. Клубот очигледно е задоволен од она што го покажува 23-годишниот фудбалер и договорено е продолжување на соработката до 2027 година.
Минатото лето Душан Влаховиќ беше на прагот да си замине од Јувентус. Интересот за одличниот напаѓач беше огромен, а „бјанконерите“ беа многу блиску до договор со Челси во зделката за Ромелу Лукаку.
Сепак, Влаховиќ на крајот остана во Торино. Тој игра доста добро на почетокот на оваа сезона, а раководството е презадоволно од тоа што го прикажува и одлучи да му понуди нов договор до летото 2027 година.
Според информациите од Италија, српскиот напаѓач ќе ја прифати понудата. Во текот на неделата неговите агенти ќе пристигнат во Торино, практично веќе се подадени рацете и Влаховиќ ќе остане член на Јувентус до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
