Connect with us

„Милионерите“ освоија бод во голеадата со Ајнтрахт (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд понудија жестока борба и многу голови, а на крајот ремизираа 3-3 во одличен дуел од Бундес-лигата.

Мармуш од пенал го отвори резултатот во осмата минута, а потоа уште еднаш погоди во 24.минута за предност на Ајнтрахт од 2-0. Сабицер намали во 45.минута, а Мукоко на почетокот на вториот дел израмни на 2-2.

Фарес Чаиби повторно обезбеди водство за Ајнтрахт, но Џулијан Брант израмни на 3-3 и донесе бод за Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови