
Реал Мадрид вчера оствари слатка победа (1-2) против Барселона во Ел Класико откако Џуд Белингам погоди за триумф во последните моменти од мечот. Сепак, триумфот на „кралевите“ не остана без нова „жртва“. Има нова повреда во тимот, овојпат ќе паузира Аурелиен Чуамени.
Фудбалерот вчера одигра цел натпревар во големото шпанско дерби, но од него се врати со повреда. Во официјалното соопштение, Реал Мадрид наведува дека ќе паузира околу два месеци.
„По извршените тестови на нашиот играч Аурелиен Чуамени од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана му е нецелосна стресна фрактура на втората метатарзална коска на левото стапало“, објави Реал Мадрид.
Сѐ уште не е точно јасно колку долго 23-годишниот Французин ќе биде надвор од терените, но според „Ел Чирингито“ тој ќе биде надвор од терените меѓу 6 и 8 седмици.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
