
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека градскиот ривал Манчестер Јунајтед е секогаш тежок противник, а „Олд Трафорд“ е посебно место. Сепак, Шпанецот се обиде да ја намали важноста на градското дерби бидејќи тоа е само еден натпревар кој не решава ништо во однос на сезоната, која има уште 30 кола до крајот.
„Кога бев во Барса и Баерн, гостувањата на „Олд Трафорд“ секогаш беа нешто посебно. Местото е посебно и за нашите навивачи оваа борба е исто така посебна. Но, ова е само еден натпревар, а не финале. Овој натпревар нема да ја реши сезоната бидејќи има уште 30 натпревари до крајот. Сепак, мора да бидеме фокусирани. Јунајтед е секогаш тежок противник, без разлика кој е менаџер, може да избувне за 10-15 минути и да ти даде гол. Го знаеме квалитетот на овој тим. Имаме огромна почит кон Манчестер Јунајтед и тоа го покажуваме. Сакам да го видам и нашиот менталитет на „Олд Трафорд“.
Шампионот Манчестер Сити во моментот се наоѓа на третата позиција со 21 бод, пет помалку од лидерот Тотенхем, додека Манчестер Јунајтед е на осмата позиција со 15 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
