Шкупи се врати на Чаир и го пречека Работнички, а тимот на Младен Жежовиќ успеа да слави со 3-0. Куевен беше двоен стрелец за Шкупи, а погоди и Кука.
Вардар ја пречека Брера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и успеа да победи со 1-0. Азер Омерагиќ уште во третата минута постигна гол за вардарци, а Брера немаше одговор до крајот.
Шампионот Струга Трим Лум заглави во Гостивар и загуби со 2-1. Ланре Кехинде и Алпер Потук донесоа водство од 2-0 за гостиварци, а намали Компаоре.
Шкендија не ја оправда фаворитската улога против Воска и одигра 1-1. Медин Бајрами ја изненади Шкендија со голот во 47.минута, а израмни Аденис Шала во 74.минута.
Македонија ЃП во Ѓорче Петров ремизираше против Тиквеш (1-0). Јован Попзлатанов беше стрелец на водечкиот гол во 33.минута, а израмни Иван Ивановски во 95.минута.
Вчера, Силекс и Брегалница одиграа без голови во Кратово во првиот меч од 12.коло во Првата лига.
ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3-0
ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-1
ШКЕНДИЈА – ВОСКА 1-1
ВАРДАР – БРЕРА 1-0
ВЧЕРА: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













