Connect with us

Анчелоти: Модриќ го промени текот на „Ел Класико“, а Белингам е чудо

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофали Лука Модриќ за неговиот настап на дербито со Барселона, кое „кралевите“ го добија со 1-2, со головите на Џуд Белингам.


„Игравме доста бавно во првото полувреме. Не успеавме да го покажеме нивото на кое сме способни. Треба брзо да го заборавиме ова полувреме. Сепак, во вториот дел успеавме да ги промениме работите и бевме многу подобри и агресивни. Им кажав на моите играчи на паузата дека понекогаш може да загубиме, но не на ваков начин. Лука Модриќ ја промени играта. Тој вешто ја чуваше топката и контролираше сѐ на теренот“, истакна Анчелоти.

„Сите сме изненадени од Белингам, тој е чудесен. Неговиот прв гол беше импресивен. Тој е фудбалер кој може да ја направи разликата. Џуд може да постигне 20-25 гола, но, сепак, очекуваме голови и од нашите напаѓачи. Ја сакавме оваа победа. Натпреварот беше тежок и Барселона беше подобриот тим додека не почнавме да играме поагресивно“, додаде Италијанецот.

Лука Модриќ на Ел Класико постави нов рекорд и го одигра мечот број 500 во дресот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови