
Лионел Меси е голем фаворит за „Златната топка“, но анализата вели дека тој веројатно и не би го држел рекордот за најмногу освоени индивидуални награди бидејќи бразилската легенда Пеле беше занемарен за наградата седум пати пред играчите од Јужна Америка да добијат право да ја добијат наградата.
Аргентинската икона речиси две децении се натпреварува за најголемата индивидуална награда во светскиот фудбал со Кристијано Роналдо. Меси е фаворит за освојување на осмата „Златна топка“ на церемонијата која ќе се одржи в понеделник, на 30 октомври.
Се очекува 36-годишниот фудбалер да биде одликуван за неговите подвизи на Светското првенство во Катар, каде херојски ја предводеше својата земја до трофејот како капитен. Во официјалните книги на рекорди ќе стои дека талисманот на Интер Мајами ќе стане првиот играч кој осумпати бил крунисан за најдобар играч на светот.
Сепак, организаторите на „Златната топка“, Франс Фудбал, заклучија дека Пеле би го освоил трофејот седумпати доколку ги исполнувал условите, но играчите со седиште надвор од Европа немале право да ја добијат наградата до 1995 година.
Организаторите велат дека Бразилецот требало да ја добие наградата во 1958, 1959, 1960, 1961, 1963, 1964 и 1970 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
