
Мануел Нојер се враќа на голот на Баерн Минхен по едногодишно отсуство на денешниот меч против Дармштад, објави тренерот Томас Тухел.
Нојер нема играно за својот тим од 12 ноември 2022 година, кога последен пат се појави за Баерн Минхен против Шалке во последното коло од Бундес-лигата пред паузата на Мундијалот во Катар.
„Ако сѐ оди добро и на денешниот тренинг, тој ќе брани утре. Со нетрпение го очекуваме. Неговото враќање на терените е многу импресивно. Ја забележав промената во неговата кондиција. Целиот наш медицински и фитнес тим може да се гордее. Сигурен сум дека наскоро ќе достигне оптимална форма“, изјави вчера Тухел.
Од почетокот на сезоната голман на Баерн е Свен Улрих, кој доби многу пофалби од Тухел.
„Свен отсекогаш бил пријател со Мануел и двајцата секогаш се надополнувале. Неговиот настап оваа сезона беше одличен. Сепак, Улрих е свесен за хиерархијата и знае дека сега ќе мора да се врати на клупата“, истакна тренерот на Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
