
Сандро Тонали нема да игра 10 месеци поради суспензијата за нелегално обложување, па Њукасл одеднаш се најде во позиција да бара нов играч за врска, што ќе ја пополни неговата позиција.
Сепак, имаат среќа што минатата година ги купија богатите Арапи, па ќе добијат големо засилување од Саудиска Арабија.
Британските медиуми пишуваат дека саудискиот инвестициски фонд кој ги поседува Њукасл и Ал-Хилал одлучил да го испрати Рубен Невеш на позајмица на „Сент Џејмс Парк“. Португалскиот репрезентативец на тој начин би го „закрпил“ составот на оваа екипа која остана без Тонали.
Рубен Невеш одлично ја познава Премиер – лигата, бидејќи летово замина во Саудиска Арабија од Вулверхемптон и стана член на Ал-Хилал.
Невеш потпиша договор со Ал-Хилал до летото 2026 година, а во тој клуб 26-годишниот заработува дури 350.000 евра неделно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
