Џејдон Санчо, кој е на прагот на заминување во Манчестер Јунајтед, може изненадувачки да заврши во Челси, тврдат медиумите на Островот. Крилниот напаѓач е отстранет од секаков контакт со првиот тим, вклучувајќи тренинзи и оброци.
До ваква ситуација дојде по скандалот меѓу него и Ерик тен Хаг по дербито против Арсенал на почетокот на септември.
Холандскиот менаџер тогаш тврдеше дека Санчо бил изоставен од тимот за натпреварот бидејќи не бил задоволен од ангажманот на офанзивниот играч за врска на тренингот, а крилниот напаѓач подоцна одговори со објава на социјалните мрежи во која се опиша себеси како „жртвено јагне“ и го изрази своето несогласување со тренерот.
Санчо потоа одби да се извини за своите постапки и поради таа причина е суспендиран речиси два месеци, а неговата кариера на „Олд Трафорд“ се чини дека е завршена.
Тој речиси сигурно ќе се приклучи на нов тим веќе во јануари, при што се нудат различни опции. Санчо би можел да биде сериозна опција за Челси бидејќи и самиот пораснал во Лондон и има силни релации со градот, како и желба да се докаже во Премиер – лигата.
Тој беше поврзуван со „сините“ и пред трансферот во Манчестер Јунајтед, но потоа заврши на „Олд Трафорд“. Името на Санчо се поврзува и со Јувентус, Борусија Дортмунд и со преселба во Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal