Connect with us

Милан планира да го продолжи договорот на Тео Хернандез

Милан планира да му понуди нов договор на Тео Хернандез во обид да го одврати интересот на странските тимови за францускиот дефанзивец, објави италијанското издание „Calciomercato.com“.
26-годишниот фудбалер веќе ги отфрли барањата од Пари Сен Жермен во изминатите две години бидејќи сака да продолжи во гигантот од Милано по неговата успешна четиригодишна престој во клубот досега.


Хернандез го стекна статусот на еден од најдобрите леви бекови во светот и продолжува да биде клучен дел од тимот на тренерот Стефано Пиоли.

Французинот постигна 25 гола и додаде 28 асистенции на вкупно 176 натпревари со тимот на Милан.

Актуелниот договор на Тео Хернандез истекува во јуни 2026 година, а раководството на „росонерите“ сака да го задржи во своите редови подолг период.

Преговорите сѐ уште не се започнати, но желбите на двете страни се поклопуваат и разговорите би можеле да започнат напролет следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови