Connect with us

Актуелни и поранешни репрезентативци на УЕФА курсот за Б тренерска лиценца: Алиоски, Бабунски, Ибраими, Велковски, Мојсов, Алими…

Во организација на Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија во Дојран се одржува првиот модул за учесници од 28-та генерација, кандидати за добивање на УЕФА Б тренерска лиценца.

Во првиот модул учествуваат 26 ученици, меѓу кои и неколкумина поранешни и актуелни репрезентативци во најдобрата македонска селекција. Како дел од фокусот на програмата се дискутира  за работата на младинските селекции и воошто во младински категории. Модулот опфаќа повеќе клучни теми соодветни на нивото на фудбалска едукација, а меѓудругото тука се и тренинзите и натпреварите на соодветните младински категории.

Покрај учесниците, кандидати за УЕФА Б лиценца, курсот се реализира од страна на професорите од Центарот за едукација, предавачи и ментори. 

На тренерскиот семинар за добивање на УЕФА Б лиценца учествуваат актуалните македонски репрезентативци Езгјан Алиоски и Давид Бабунски, но и поранешните фудбалери во А селекцијата, Агим Ибраими, Крсте Велковски, Даниел Мојсов, Арменд Алими, Владимир Димитровски, како и Јасмин Мециновиќ, Христијан Кировски, Музафер Ејупи…

Во текот на семинарот низ отворен разговор со учесниците, предавачите и менторите ги споделуваат своите искуства од нивната работа, предизвиците со кои се соочуваат секојдневно во контекст на односите со колегите и играчите, а исто така се дискутира и за пречките кои им стојат на патот до успехот. Низ теоретски и практични начини учесниците на семинарот се обидуваат да ги доближат нивните методи на работа, пристапот кон тренинзите и подготовките за натпреварите.

Учесниците на семинарот во текот на вчерашниот ден, заеднички го следеа натпреварот и победата на Македонија против Ерменија во Струмица. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови