Connect with us

Португалците ја декласираа БиХ, навивач го нападна Роналдо (ВИДЕО)

Португалија оствари убедлив триумф (0-5) и ја понижи БиХ во Зеница откако постигна пет гола во првото полувреме. Кристијано Роналдо беше двоен стрелец, а во текот на првото полувреме навивач влета на теренот и го нападна, сакајќи веројатно фотографија со својот идол.

Бруно Фернандеш, Жоао Кансело и Жоао Феликс беа стрелци на останатите голови за Португалците.

Холандија успеа да ја победи Грција со 0-1 на гости, а победничкиот гол го постигна Вирџил ван Дајк од пенал во судиското продолжение од мечот. Во првото полувреме, Ваут Вегорст не реализира пенал за Холанѓаните.

Словачка го победи Луксембург на гости со 0-1, со голот на Давид Дуриш во 77.минута, Исланд беше убедлив против Лихтенштајн со 4-0, а и Ирска славеше против Гибралтар со 0-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови