Бешикташ се раздели со Шенол Ѓунеш поради слабите резултати, а сега клубот одлучи кој ќе биде негов наследник.
Изборот падна на неодамна пензионираниот фудбалер Бурак Јилмаз, кој е промовиран во шеф на стручниот штаб, а претходно му беше помошник на Ѓунеш.
„По состанокот на раководството одлучено е досегашниот асистент Бурак Јилмаз да ја преземе функцијата шеф на стручниот штаб на првиот тим, испразнет со оставката на тренерот Шенол Ѓунеш. Јилмаз ќе остане на оваа функција до вонредното изборно собрание“, се наведува во соопштението на клубот.
Бурак Јилмаз во својата богата кариера го носеше дресот на Бешикташ од 2006 до 2008 година, а сега прва тренерска работа ќе му биде на клупата на црно-белиот тим од Истанбул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













