Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов ќе го напушти кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака во зимскиот преоден рок. Тренерот на тимот Софронис Августи му соопштил на Мојсов дека ќе мора да си побара нова средина со оглед на малата минутажа која ја имал во изминатиот период и повредите кои биле причина за малиот број настапи.
Мојсов пет сезони го носи дресот на АЕК Ларнака, одигра 98 натпревари и постигна пет гола за овој кипарски прволигаш. За АЕК Ларнака настапуваат и македонските репрезентативци Иван Тричковски и Стефан Спировски.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













