
Шкупи е нов лидер на табелата во Првата фудбалска лига. Тимот од Чаир го победи актуелниот шампион Струга ТЛ со 2-0 на вчерашниот дуел и се искачи на врвот.
Тоа беше четврта победа на тимот предводен од новиот стратег Младен Жижовиќ, од кои една во Купот.
Босанскиот стратег е задоволен од изднието на Шкупи и триумфот.
„Тоа беше вистинско дерби, мислам дека генерално во првото полувреме бевме за нијанса поквалитетни од противникот. Во првите дваесет минути имавме неколку контранапади кои требаше да ги завршиме на многу подобар начин.
Во вториот дел го променивме начинот на кој ја организиравме играта, тоа ни се исплатеше, имавме шанса да постигнеме и повеќе голови, но сепак, победата е сосема заслужена. Мислам дека бевме доминантни и подобри во сите елементи од фудбалската игра“, изјави Младен Жижовиќ.
Шкупи се наоѓа на првата позиција со 18 бода, пред Шкендија (17) и Силекс (16).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal