Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и официјално е нов фудбалер на италијанскиот клуб Лече. Тој потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување на соработката на дополнителни три сезони.
Николов кој во 2018 година од Вардар се пресели во унгарскиот Фехервар, направи чекор напред во кариерата и се пресели во Италија. Лече има амбиции експресно да се врати во Серија А и Бобан Николов е едно од засилувањата кои треба да помогнат за реализација на таа цел.
Николов за Фехервар одигра 73 натпревари и постигна седум гола. За македонскиот национален тим има 29 настапи и два постигнати гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













